• Мартин Танасковски
Македонскиот напаѓач Давид Тошевски се запиша во листата на стрелците во белгискиот шампионат во дресот на Дендер, на кого му донесе нов бод во битката за опстанок во елитното друштво.
Дендер го изненади Мехелен и на гости одигра 1-1, а „виновникот“ за тоа беше напаѓачот кој постигна гол во второто полувреме. Течеше 61. минута, кога Тошевски погоди ефектно со глава и израмни, а до крајот Дендер се одбрани од нападите.
Дендер по 20 одиграни кола има 13 освоени бода, па секој бод е важен. Тошевски, пак, кој мина и период со повреди, игра одлично во Белгија и досега има четири постигнати гола.

