ВИДЕО: Ефектен гол на новиот капитен, Тричко ги „жигоса“ Естонците

По половина час испитување на силите и бавен ритам, Македонија поведе во дуелот со Естонија во Скопје. Новиот капитен Иван Тричковски го постигна својот шести гол во дресот со државниот грб и донесе предност во претпоследниот натпревар од групата.

Со акробација преку себе, по додавањето од Спировски, фудбалерот на АЕК Ларнака погоди ефектна дијагонала и го отвори резултатот.

  • Голот на Тричковски против Естонија: 

Со победа над Естонија, нашиот национален тим ќе избие на врвот во групата, во очекување на натпреварот Грузија - Ерменија.