ВИДЕО: Ефектен гол на Милан Ристовски во чешкиот шампионат!

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски го постигна третиот сезонски гол за чешкиот Бохемијанс. 

На гостувањето кај Острава во натпреварот од 30. коло на Првата лига во Чешка, македонскиот напаѓач стрела во 19. минута од средбата. Тој доби топка од десната страна и од околу 17-18 метри со прецизен удар погоди во малата мрежа од домашниот гол. 

За Ристовски ова беше трет гол во првенството на Чешка оваа сезона. Претходно Македонецот даваше голови во дуелите против Пардубице и Сигма Оломуц.