ВИДЕО: Ефектниот гол на Лерис недоволен, Бреша освои бод пред враќањето во Серија Б

Фудбалерите на Бреша и Сампдорија ги поделија бодовите со реми од 1-1, на последната средба од Серија А. Средбата одиграна на „Марио Ригамонти“, беше изедначена, а ефектниот погодок на Лерис не беше доволен за триумф на тимот од Џенова

  • Извештај од натпреварот: 

Уште на самиот старт од натпреварот се играше на средината од теренот, без непотребни ризици и излетувања. Гостите од Џенова добија најстрога казна во 27. минута од мечот, но искусниот Фабио Кваљарела не го погоди голот од 11 метри. 

Радост за Сампдорија и Клаудио Раниери донесе младиот Марсел Лерис, кој со ефектен гол од шеснаесетникот, по прецизен удар со многу ефе го совлада Андреначи за 0-1 во 41. минута. 

Израмнувањето на спротивната страна стигна по удар од белата точка на стартот од продолжението. Напаѓачот на Бреша, Ернесто Торегроса стрелаше од казнениот удар за 1-1 во 49. минута. До крајот Бреша имаше можност да стигне и до целосен пресврт, но не успеа во тоа. Сампдорија во финишот остана и со човек помалку, откако Кристофер Аскилдсен доби два жолти картони за десет минути. 

Бреша експресно се враќа во Серија Б како претпоследен во лигата, додека Сампдорија со 42 бодови моментално е на 14-тата позиција.