Ефектен гол на Ибраими: Стрела откосо директно од слободен удар (ВИДЕО)

Фудбалерите на Струга Трим Љум одиграа неверојатни дваесет минути на стартот против Академија Пандев и ѝ дадоа три гола за висока предност. 

Исклучително ефектен беше првиот погодок за отворање на резултатот. Имено, најдобриот стрелец во мак-фудбалот Бесарт Ибраими погоди директно од слободен удар, иако не беше во позиција за шут кон голот. 

  • Голот на Бесарт Ибраими против Академија Пандев: 

Напаѓачот на стружани откосо упати незгодна топка која вртеше кон голот, тапна на петерецот и го измами противничкиот голман за 1-0.