• Иван Димовски
Александар Трајковски го постигна дебитантскиот гол во дресот на Локомотива Загреб на шестиот настап во новиот клуб.
Македонскиот репрезентативец ја потврди пресврт-победата над Осијек (3-1), откако постигна ефектен гол директно од слободен удар. Трајковски ја презеде одговорноста да шутира од околу 20 метри, биеше прецизно крај стативата и го матира гостинскиот голман за конечните 3-1.
Ова за Трајковски беше прв погодок на Трајковски во дресот на Локомотива, а претходно забележа и една асистенција.




