„Е*ете се расисти, а судијата ме казни затоа што си ја бранев бојата на кожата!“

Напаѓачот на Порто, Муса Марега го напушти теренот на мечот против Гимараеш затоа што беше мета на расистички навреди, а ден по немилиот настан тој се огласи и ја коментира целата ситуација.

Тифозите на Гимараеш го навредуваа црномурестиот фудбалер за време на средбата, па тој реши да го напушти теренот. Затоа што одбиваше да се врати судијата му покажа жолт картон.

„Само сакам да им порачам на тие идиоти кои дошле на стадион да извикуваат расистички пароли едно нешто - е*ете се. Исто така благодарност и до судијата кој не ме заштити и ми покажа жолт картон, ме казни затоа што си ја бранев бојата на кожата“, истакна Марега.

Марега беше еден од стрелците во победата на Порто, а расистите го навредуваа од првата минута на средбата.