• Сашо Поповски

Селтик силовито ја започна новата сезона во шкотскиот шампионат и во првото коло убедливо и очекувано го совлада Хамилтон на домашен терен (5-1).
Нил Ленон треба да е презадоволен од изданието на неговите фудбалери, кои денес беа расположени за игра. Беа и исклучително ефикасни, што им донесе место на самиот врв на табелата уште на почетокот.
- Извештај од натпреварот:
Многу лесно беше отворен резултатот по 20 минути игра, а за тоа виновник беше Едуар. Следуваше уште еден погодок во гостинската мрежа, кој речиси на идентичен начин го постигна Фримппонг. Пред паузата Хамилтон се погрижи да ја намали негативата и да ја задржи неизвесноста во мечот преку Мартин.
Само што започна вториот дел, секоја надеж на гостите ја снема. Едуар со два гола стигна до хет-трик и фуриозно го стартуваше домашното првенство. Конечниот резултат пристигна во 90. минута, кога Климала петти пат ја затресе противничката мрежа.
„Зелено-белите“ заслужено тргнаа со победа и најавија дека и оваа сезона ќе бидат најголеми фаворити за титулата.