Едно од најголемите трансфер-промашувања на Венгер потпиша за Ѓургарден

Арсен Венгер е стар „лисец“ кога се работи за трансфери, но некогаш знае и да погреши. Доказ за тоа е трансферот на Ким Калстром, шведскиот репрезентативец кој е едно од најголемите трансфер-утки во ерата на Французинот и кој својата кариера ќе ја продолжи во шведски Ѓургарден.

Швеѓанецот кој има 34 години се враќа во татковината како големо засилување. Тој доаѓа од редовите на Грасхоперс, каде настапуваше две сезони. За него, ова ќе биде втора авантура во Ѓургарден, по настапите во сезоната 2002/03.

Калстром е еден од најпопуларните фудбалери во Шведска. Од клубот информираа дека кога бил претставен како ново засилување - клупската интернет-страница паднала од посетеност!