„Едно е Роналдо како фудбалер, а друго како личност“

Морган Роналдо

Американката Алекс Морган уште еднаш покажа дека не е голем фан на Кристијано Роналдо.

Во минатото во неколку наврати, американската репрезентативка зборуваше негативно за португалскиот ас, а сега повторно го „нападна“ со провокативна изјава.

„Жените денес зборуват гласно и треба да бидат чуени. Но, кога ќе се погледне случајот на Роналдо, може да се заклучи дека парите ги кријат сите докази.

Мислам дека мора да ги поддржиме жените во ранливи моменти. Не велам дека Роналдо не е меѓу најдобрите на светот, но мора да биде одговорен за тоа што го направил. Тоа ќе го мислам и понатаму, затоа што мислам дека овие работи се важни“, вели капитенот на светскиот првак во женска конкуренција.

Овие зборови на Морган алудираат на обвинувањата кон Роналдо дека силувал девојка во Лас Вегас. По долги години судење и истрага, случајот неодамна беше затворен поради недоволен број на докази.