Еднаш вардарец, засекогаш вардарец: Нов гест на Стефан Ристовски за матичниот клуб (ФОТО)

Фудбалерите на Вардар в недела ги очекува мечот на сезоната, против Детонит Плачковица во баражот за опстанок во Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот се игра на неутрален терен на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Во пресрет на дуелот, порака до навивачите испрати поранешниот фудбалер на Вардар, Стефан Ристовски. Бекот на Динамо Загреб во повеќе наврати во изминатите години го бодреше својот поранешен клуб на трибините, а сега испрати порака заедно со соиграчите од хрватскиот клуб. 

Ристовски на лист напиша: „Сите во Струмица на бараж! Напред Вардар!“. Заедно со македонскиот бек на фотографијата се Бруно Петковиќ, Марко Рог и Јосип Мишиќ.

Инаку, Вардар и Детонит Плачковица в недела ќе играат во терминот од 17:00 часот.