Една земја ќе го врати првенството со публика на трибините, погодувате ли која?

Шведска

Додека светот стравува од коронавирусот и презема строги мерки за негово уништување, Шведска живее нормално и не ги ограничува своите граѓани.

Нивниот живот не се промени како во многу други држави, па не се очекува тоа да биде случајот и со фудбалската сезона. Тамошните челници на федерацијата најавија дека сезоната ќе започне нормално, со публика на трибините.

„Амбициите се да се играат сите натпревари и тоа со публика на трибините, освен ако Владата нешто не ни каже поинаку“, стои во соопштението.

Се очекува новата сезона да започне на 14 јуни, барем во двете најсилни лиги. Екипата на Ѓургарден ќе ја брани титулата освоена минатата сезона.

Во Шведска досега се запишани 15.322 позитивни случани на коронавирусот, од кои починале 1.765.