• Иван Димовски
![](https://cdn.gol.mk/static/styles/main_article_image_focal/public/2024/02/22/pmfl-fudbal-tikves-gostivar-2023-2-30.jpg?itok=6z5gUBrM)
Судиската комисија при Фудбалската федерација на Македонија ги разгледа спорните моменти од 19. коло на ПМФЛ и 16. коло на ВМФЛ. Арбитрите ширум земјава во првата пролетна рунда беа на нивото, а констатирана е само една погрешна одлука во второлигашкото друштво.
Станува збор за натпреварот меѓу Арсими и Новаци, а судијата Доне Ристовски и неговите помошници погрешно досудиле пенал за домашната екипа при резултат 0-0 во 11. минута. Освен овој натпревар се разгледуваа ситуации од дуелите на Охрид и Башкими, како и Скопје и Саса, меѓутоа арбитрите донеле добри одлуки.
Што се однесува до прволигашите, неколку спорни моменти се прегледаа од страна на Судиската комисија. Тие доаѓаа од дуелите на Гостивар со Вардар, Македонија ЃП против Шкендија и Работнички против Струга Трим Љум, меѓутоа судиите процениле точно.
Целосната судиска анализа за 19. коло во ПМФЛ и 16. коло во ВМФЛ погледнете ја на ОВОЈ линк.