Една реална, две тешко изводливи опции – кои имиња се поврзуваат со Јувентус

Почетино Сари

Како и што се очекуваше, Маурицио Сари заработи отказ од Јувентус, по неуспехот во Лигата на шампионите. Титулата во домашното првенство не беше доволна за 61-годишникот да „преживее“ на клупата во Торино.

Италијанските медиуми се преполни со ракции за оваа неминовна одлука на „старата дама“. Се споменуваат и три имиња од кои Јуве ќе бира наследник за досегашниот стратег на тимот.

Моментално најреално решение е Маурицио Почетино кој долг период чека нов ангажман. Поранешниот тренер на Тотенхем е еден од најатрактивните слободни тренери на пазарот ова лето.

Симоне Инзаги се поврзува со „бјанконерите“, но тешко дека ќе си замине од Лацио кога екипата успеа да обезбеди место во Лигата на шампионите. Последното име е Зинедин Зидан, име кое секако е најмалку веројатно, со оглед на одличната работа која Французинот ја прави во својата поранешна екипа. Сепак, Зидан вчера остави дилеми околу својата иднина, откако на прес-конференцијата во Манчестер неколку пати го „издрибла“ прашањето на новинарите за својата иднина.

Италијанскиот првак ќе има време пред подготовките да пронајде соодветна личност која ќе атакува на десетта титула во Серија А и долгоочекуван успех во Европа.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.