Една од дерби пресметките викендов во калчото под ризик за одложување

Постои ризик една од дерби пресметките во 29. коло на Серија А меѓу Фиорентина и Јувентус да биде одложена. 

Причината за такво нешто се поројните дождови кои ја зафатија Тоскана. Градскиот совет на Фиренца побара од градоначалничката Сара Фунаро да забрани одржување на натпреварот поради опасностите. 

„Поради лошата временска и вонредна состојба градот треба да размисли и побара одложување на натпреварот меѓу Фиорентина и Јувентус“, побараа од советот на градот. 

Слична ситуација се случи во првиот дел од сезоната кога исто така поради поројни дождови и опасност од поплава беше одложен мечот меѓу Болоња и Милан.