ВИДЕО: Една грешка во дефанзивата за нов пораз на Македонија У21 на „Анталија Куп“

За разлика од А-селекцијата која ред два дена и одржа фудбалска лекција на соодветната репрезентација на Летонија, попладнево надежите до 21 година забележаа пораз од минимални 0-1 (0-0) од младите Летонци на силниот меѓународен турнир „Анталија Куп“. 

За новата генерација на Благоја Милевски, кој на кормилото на селекцијата се врати непосредно пред овој турнир, ова беше втор неуспех во Турција, по поразот од Украина од 3-1. 

По мирните и рамноправни први 45 минути, нашите момци во вториот дел тргнаа поофанзивно и на неколку пати посериозно се заканија кон голот на противникот. Сепак, првата радост пристигна на спротивната страна, откако Летонците ја искористија грешката на комплетната наша одбрана и ги поставија конечните 0-1. 

За нашиот национален тим следува натпревар уште против Естонија (26 март), а нема да ги одмериме силите со Казакхстан, бидејќи се наоѓаме во иста квалификациска група за Европското првенство 2021 година.