• Горан Упале
Навивачите на Хајдук со денови се под адреналин поради вестите кои доаѓаат од канцелариите на нивниот сакан клуб.
По неколкудневните шпекулации што се случило и што ќе биде со Иван Перишиќ, одекнава нова „бомба“. Еден репрезентативец, ќе замени друг на „Пољуд“. Тоа е Анте Ребиќ? Откако спортскиот директор Никола Калиниќ конечно стави крај на шпекулациите и објави дека договорот со Перишиќ е раскинат со заедничка одлука, најавено е доаѓање на ново големо име.
Преговорите меѓу Ребиќ, кој е без клуб по заминувањето од Бешикташ, и затоа не треба да е плати обештетување, и Хајдук станаа конкретни и сега крило е на дофат на Сплит, пренесуваат хрватските медиуми.
Перишиќ по недоразбирањата со тренерот Гатузо за само 200.000 евра ќе може да го напушти Хајдук, а за неговиот потпис веќе има сериозен интерес од Барселона и Комо.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.