• Мартин Танасковски
На листата на екипи кои не испуштиле ниту еден бод во домашните првенства сега има место за само едно име – ПСВ Ајндховен.
Холандскиот великан остана уникат во Европа и е единствен клуб кој има 15 победи на 15 лигашки натпревари. ПСВ Ајднховен до минатиот викенд имаше друштво, максимален беше Виртус од Сан Марино, но тимот доживеа прв пораз од Космос.
Според актуелните резултати, ПСВ е на две победи од рекордот на Ередивизие. Токму екипата од Ајндховен го држи тој примат, од сезоната 1987/88 кога имаа 17 победи на 17-те стартни натпревари.
Европскиот рекорд, пак, го држи Бенфика која во сезоната 1972/73 забележа 23 победи на 23 одиграни лигашки средби.