Единсон Кавани се враќа во Јужна Америка

кавани

Единсон Кавани ќе биде најново засилување за екипата на Бока Јуниорс. Напаѓачот се поврзуваше со многу клубови, но на крај одлучи да се врати во Јужна Америка.

Борусија Дортмунд и Виљареал се обидуваа да го убедат да остане во Европа. Но, искусниот голгетер ги одбра „Ла Бомбоњера“ и Буенос Аирес.

Уругваецот има 35 години, во текот на кариерата настапуваше за Данубио, Палермо, Наполи, ПСЖ и Манчестер Јунајтед. Сега се очекува да придонесе со своето искуство во аргентинскиот фудбалски великан.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.