„Единицата“ во Германија ги скара Нојер и Тер Штеген

Репрезентацијата на Германија тргнува во нов лик. Јоаким Лев избриша неколку ѕвезди од националниот тим, а голманот кој трпи критики, Мануел Нојер, се уште е „единицата“ на некогашниот европски и светски првак.

Токму тоа е причина тој да влезе во кавга со голманот на Барселона, Марк Андре Тер Штеген. Германските медиуми пишуваат дека селекторот има максимална доверба во својот прв избор и нема намера да прави промени на голманската позиција.

Во чуварот на мрежата на Каталонците се гледа како втора опција кој брани одлично и можеби заслужува да биде голман број еден во својата репрезентација. Јавноста е на негова страна и смета дека Лев треба да се замисли за своите одлуки во иднина.

На првиот пријателски меч против Србија во Волфсбург, меѓу стативите на Германија прв избор беше Нојер, додека Тер Штеген влезе од клупата во 46. минута. Останува да видиме дали германскиот селектор ќе ја промени неговата одлука, затоа што членот на Баерн Минхен е далеку од својата препознатлива форма.