Единаесет клуба со забрана за трансфери од ФИФА за неисплатени плати

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) казни единаесет клуба од Кипар поради неисплатени плати кон играчите.

Од прволигашките клубови санкции добија АПОЕЛ, АЕЛ Лимасол, Анортозис и Закаки, додека од второлигашкото друштво казнети се Олимпијакос Никозија, ПАЕК, Ермис, Пеља, Дигенис Епсона и Олимпијас Лимпија.

Доколку овие екипи ги подмират долговите кон актуелни и стари играчи, тогаш забраната ќе им биде тргната.