• Саше Љолес

Босанскиот напаѓач Един Џеко е голема желба на управата на Хајдук од Сплит, па деновиве се очекуваат повеќе информации за неговата евентуална преселба во Хрватска.
Новиот спортски директор на клубот, Никола Калиниќ, има голема желба да ги доведе Џеко и Иван Ракитиќ, а надежите на навивачите се подгреаја уште повеќе откако се појави видео на се гледа како босанскиот „дијамант“ ја пее песната „Го сакам јас сплитски Хајдук“, заедно со легендарниот Сенијад Ибричиќ.
— Jakša (@Jaksa1950) July 14, 2024
Видеото е снимено некаде во Далмација, а на него се гледа како се пеат песни во добро расположение и одлична атмосфера. 38-годишниот Џеко е играч на Фенербахче, но летово би можел да премине во Сплит и сигурно би бил бомбастично засилување за славниот хрватски клуб.
Доколку Хајдук потпише со Џеко и Ракитиќ, тоа ќе биде уште еден крупен исчекор кон освојување на шампионската титула и конечно „симнување“ од тронот на Динамо Загреб. Во Хајдук настапува и нашиот Александар Трајковски, а во клубот неодамна пристигна и новиот тренер, Џенаро Гатузо.