• Иван Димовски
Един Џеко многу веројатно ќе го продолжи престојот во Шалке, откако преговорите за нов договор дошле до завршна фаза, пренесува „Скај Германија“. Според истиот извор, шансите искусниот напаѓач да ја продолжи соработката со клубот од Гелзенкирхен се огромни, а останува да бидат договорени само последните детали пред официјалното потпишување.
Минатата сезона босанскиот „дијамант“ се врати во германскиот фудбал и му помогна на Шалке да се врати во Бундеслигата. На 11 првенствени натпревари во Цвајте постигна шест погодоци и забележа три асистенции, па јасно е зошто клубот сака да го задржи во своите редови. Делува дека сега се надминати и финансиските потешкотии за продолжувањето заедно.
Германските медиуми наведуваат дека Шалке добил дополнителен простор во буџетот откако Максимилијан Вебер пристигнал како слободен играч од Лидс Јунајтед, што му овозможило на клубот да издвои повеќе средства за задржување на Џеко. Се очекува босанскиот репрезентативец да добие основна годишна плата од 900.000 евра, која преку бонуси може да достигне 1,3 милиони. Со тоа, Џеко ќе биде меѓу најплатените фудбалери во тимот.
Доколку договорот биде финализиран, 40-годишниот напаѓач пак би настапувал во Бундеслигата, каде што остави длабока трага и во дресот на Волфсбург, со кој ја освои шампионската титула во сезоната 2008/09.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.
