ВИДЕО: Едерсон со две тупаници го нокаутира Ихеаначо, но нема пенал за Лестер

Речиси и да нема коло во Премиер лигата во кое фудбалските работници од Островото повеќе трошат време да ги анализираат одлуките на ВАР, отколку на фудбалските натпревари. 

Така ќе биде и по 27. коло на англискиот шампионат. На отворањето, Ло Селсо, мораше да добие директен црвен картон, откако го нагази Аспиликуета, додека полемики не изостануваат ниту на дербито на „Кинг Пауер“, меѓу Лестер Сити и Манчестер Сити. 

Во финиот од првиот дел Ихеаначо имаше шанса да донесе водство за „лисиците“, но пред него се „исправи“ Едерсон, кој по успешната интервенција со двете тупаници го нокаутира својот поранешен соиграч. Нигериецот како покосен падна на тревникот, но ниту главниот судија, ниту ВАР не се огласи и Лестер наместо пенал, доби само корнер.

Спорната ситуација на „Кинг Пауер“:

Спорна ситуација имаше и во 30. минута, откако Де Брујне со рацете се „одбрани“ од ударот од слободен удар на Медисон, но ниту во оваа ситуација арбитрите не се огласија.