ВИДЕО: Едерсон се заборави, но Ди Марија не погоди празен гол!

Бразилскиот голман меѓу стативите на Манчестер Сити беше еден од протагонистите при првиот погодок на „граѓаните“, откако упати прецизна топка кон Зинченко во зачетокот на акцијата која ја искористи Марез.

Сепак, Едерсон за малку можеше да се претвори од херој во трагичар, бидејќи по еден прекин фрли лоша топка која Бернардо Силва не ја исконтролира, а Ди Марија биеше кон празната мрежа. За среќа, Аргентинецот го промаши празниот гол и не реализира по невнимателноста на голманот. 

  • Грешката на бразилскиот голман Едерсон против ПСЖ

Сити покрај погодокот немаше други големи шанси во првиот дел, а гостите беа поагресивни и повеќе ја имаа топката во своите нозе.