• Иван Димовски
Галатасарај го доби големото дерби против Фенербахче со убедливи 3-0 (1-0) во 31. коло од турското првенство и направи огромен чекор кон титулата, зголемувајќи ја предноста на седум бода на табелата.
- Извештај од натпреварот:
Натпреварот во Истанбул донесе многу тензија, а гостите имаа идеална шанса први да поведат кога во 12. минута добија пенал, но Талиска не беше прецизен. Казната стигна во 40. минута кога Виктор Осимен по одличен центаршут на Марио Лемина ја затресе мрежата за водство на домашните.
Второто полувреме донесе уште поголем хаос. Во 60. минута беше досуден пенал за Галатасарај по ВАР проверка, а ситуацијата дополнително ескалираше кога голманот на Фенербахче, Едерсон трошеше време и не сакаше да се повлече пред изведувањето на пеналот, па доби втора јавна опомена и беше исклучен, а потоа неколку минути одбиваше да го напушти теренот.
Ederson foi expulso por não recuar à linha da baliza para a marcação de uma grande penalidade #sporttvportugal #SuperligaTurca #Galatasaray #Fenerbahçe pic.twitter.com/FpnmYwPzR4
— sport tv (@sporttvportugal) April 26, 2026
Со играч помалку, Фенербахче немаше одговор, па Јилмаз во 65. минута реализираше за 2-0. До крајот, Лукас Тореира ја искористи големата грешка на голманот Гунок и во 83. минута ги постави конечните 3-0. Галатасарај рутински го приведе мечот до крај и направи сериозен исчекор кон шампионската титула.




