ВИДЕО: Еден одличен Дембеле недоволен за победа, Лион само до реми кај Амиен! 

Еден одличен Муса Дембеле е недоволен за нов успех на поранешниот францyски шампион Лион. Во вториот денешен натпревар од петтото коло на Лига 1, фаворизираниот Лион прокоцка сигурна победа, откако во 92. минута домашната екипа на Амиен стигна до голем бод од овој дуел (2-2). 

  • Извештај од натпреварот: 

Домаќините отворија подобро и по само седум минути игра погодија за 1-0 (Жалет). Но, фаворитот во своите редови го имаше расположениот Дембеле, кој со два прекрасни волеја во 9. и 34. минута ги шокира домашните фанови и донесе значајна предност на својата екипа. 

Сепак, во моментите кога се очекуваше последниот судиски свиреж, нововлезениот Бодмер се најде на вистинско место во казнениот простор на Лион и со прецизен удар по земја ги постави конечните 2-2. 

Попладнево, екипите на Лил и Анжер го отворија петтото коло на францускиот шампионат во натпревар кој заврши во полза на домаќините од 2-1. Творци на победата за Лил беа Осимен и Араухо, додека за поразената екипа погоди Баокен. 

  • Извештај од натпреварот: