Еден од ретките кои ја „преживеаја“ транзицијата во Челзи најави заминување!

Стоперот Тиаго Силва потврди дека си заминува од Челзи на крајот на сезоната. Малкумина веруваа во летото 2020 година дека Силва има уште четири сезони во нозете на највисоко ниво. Но, Бразилецот на лето го завршува четиригодишниот мандат и го напушта „Стемфорд Бриџ“.

Еден од ретките фудбалери кои ја „преживеаја“ големата кадровска промена во редовите на Челзи, тоа го потврди по поразот од Манчестер Сити во полуфиналето на ФА Купот, што беше последна шанса да се збогува од трофеј.

„Наскоро ќе ја знаете мојата конечна одлука. Не сакам да кажам ништо официјално по поразот. Тажен сум поради резултатот, но порано или подоцна, одлуката ќе излезе во јавноста. Ја донесов мојата одлука во мојата глава , но не е вистинско време да го споделам. Моите четири години овде не беа лоши. Не дека не верував во себе, туку поради мојата возраст кога пристигнав, интензитетот на Премиер лигата. Не е вообичаено 39-годишник да игра на тоа ниво. Не сакам да зборувам за себе, но така гледам на тие работи. Бев подготвен да играм дополнително против Сити, бидејќи се уште уживам во фудбалот и се чувствувам одлично физички“, рече Силва. 

Не е познато каде Бразилецот ќе ја продолжи кариерата, но сигурно е дека нема да се пензионира.