Еден од најпознатите светски судии ќе го поправа судењето во Турција

Еден од најпознатите светски фудбалски судии, Ентони Тејлор, е именуван за директор на елитното судење во Фудбалската федерација на Турција.

По долгогодишна и успешна судиска кариера на највисоко ниво, Англичанецот ќе ја преземе одговорноста за развојот на новата генерација елитни турски судии.

Со своето богато меѓународно искуство, лидерски способности и посветеност на доследното судење, Тејлор ќе има клучна улога во унапредувањето на судиската организација и создавањето на нови врвни арбитри во турскиот фудбал.

Неговото назначување се смета за важен чекор во стратегијата на Турската фудбалска федерација за подигнување на квалитетот и професионализмот на судењето.