Еден од најконтроверзните фудбалски тренери одново доби отказ!

Бразилскиот прволигаш Фламенго одлучи да му врачи отказ на Хорхе Сампаоли, еден од најконтроверзните фудбалски стратези во модерниот фудбал. Бразилскиот клуб забележа само една победа во последните шест натпревари, и падна на седмата позиција во домашниот шампионат, па разделбата беше неизбежна.

Аргентинецот ја презеде клупата на Фламенго во април, а на клупата на овој тим беше само на 39 натпревари.

Тој претходно не се прослави ниту во Севиља и Олимпик Марсеј, а останува да се види дали сега ќе се врати во Европа или тренерската кариера ќе ја продолжи во Јужна Америка.

Претходно Сампаоли имаше успешна ера како селектор на Чиле, со кого направи историски успех освојувајќи ја Копа Америка. Потоа разочара на клупата на Аргентина на Светското првенство во 2018 година во Русија.