Еден од најголемите таленти на „лавовите“ се сели во Брера?

Екипата на Брера Струмица формира тим за иднината. Носи нови играчи, а еден од нив може да биде еден од најголемите таленти на Македонија ЃП кој оваа сезона беше дел од првиот тим.

Алтин Алији, 17-годишниот поранешен младински репрезентативец на Македонија, е во преговори и се наоѓа пред потпис со Брера. Се работи за офанзивен, лев крилен играч, кој во ПМФЛ минатата сезона во дресот на Македонија ЃП презеде голема одговорност и одигра 30 натпревари.

На минатите натпревари, тој имаше два гола и две асистенции. Алији беше во младинските школи на Вардар, а првите сениорски минути ги имаше во Ѓорче Петров.