Еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Астон Вила итно пренесен во болница

Поранешниот фудбалер на Астон Вила, Гери Шо е во тешка состојба откако паднал и ја повредил главата, јавува „Би-Би-Си“.

63-годишниот легендарен ас беше прва ѕвезда на Астон Вила во најтрофејниот период на клубот и  ја освои Премиер лигата во 1981 година и Купот на eвропските шампиони во 1982 година.

Шо во текот на својата кариера играше и за Блекпул, Волсал, Килмарнок и Шрусбери. По завршувањето на играчката кариера работеше како стручен аналитичар.

Тој постигна 79 гола на 213 натпревари за Вила. Играчката кариера ја заврши во 1992 година, а беше член и на репрезентацијата на Англија.