Еден од најдобрите играчи си оди од Лацио: Не сакам ни евро повеќе од овој клуб!

Во првиот натпревар од 32. коло на италијанската Серија А, Лацио ја совлада Салернитана со 4-1, во натпревар во кој навивачите на клубот ги исвиркуваа  играчите за време на загревањето и за време на натпреварот. 

По убедливата победа дојде до шок бидејќи Луис Алберто, еден од најдобрите играчи на тимот, кој со договор е врзан за Лацио до летото 2027 година, пред камерите откри дека побарал раскинување на неговиот договор и го напушта клубот.

„Последниве неколку недели беа тешки за мене. Не знам каков ќе биде проектот овде, но можам да кажам дека сигурно нема да бидам дел од тој проект следната сезона. Веќе побарав од клубот да го раскинеме договорот. Не сакам да земам ни евро повеќе од Лацио. Мислам дека е правилно што овој клуб ми даде многу, но време е да се тргнам настрана и да се направи простор за другите“, рече Алберто.

31-годишниот шпански играч од средниот ред за Лацио одигра повеќе од 300 натпревари.