Еден од најдобрите фудбалери пред заминување од Црвена Звезда

Ел Фарду Бен би можел ова лето да се раздели со Црвена Звезда, по четири ипол сезони минати во клубот од Белград. 

Репрезентативецот на Коморските острови на стартот на сезоната не е во плановите на Дејан Станковиќ од непознати причини, можеби токму поради фактот дека е пред трансфер. Бен може да одлучува меѓу две опции од блискиот исток. Се работи за Ал Батин од Саудиска Арабија и Банијас од Обединетите Арапски Емирати. 

Опциите со сигурност се богати, па поради тоа најтрофејниот странец во историјата на Звезда размислува да замине. Бен пристигна во Србија од Олимпијакос, каде што не се наметна и беше позајмуван во Левадиjакос и Паниониос. Претходно играше и за Вериа, Ванс и Ле Авр. 

Од доаѓањето на Бен во Црвена Звезда, тој се радуваше на пет шампионски трофеи во Суперлигата на Србија, како и два трофеи во Купот, а играше и во групите на Лигата на шампионите и нокаут фаза во Лигата на Европа.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.