Еден од најдобрите фудбалери останува во Кавадарци, Тиквеш го задржа Спиркоски

Најавите од пред неколку дена добија официјална потврда. Тиквеш од Кавадарци го официјализираше новиот договор со искусниот фудбалер за врска Благоја Спиркоски.

Кавадарчани со засилено темпо работат на ростерот за новата сезона, во која за првпат ќе се соочат со меѓународни предизвици. Продолжувањето на соработката со одличниот офанзивец дојде по претставувањето на четирите нови имиња во тимот. 

Освојувачот на Купот на Македонија претходно се пофали со четири засилувања - Михаил Маневски, Ѓоррѓи Ѓорѓиев, Давид Манасиевски, и Стефан Тасев.

Спиркоски во Тиквеш пристигна пред една година, а во својата кариера има настапувано уште за Шкупи, Силекс, Пелистер, Македонија ЃП и Победа. Тиквеш по освоениот трофеј во Купот обезбеди настапи во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.