• Горан Упале
Поранешниот белгиски репрезентативец, кој го држи рекордот за најмногу настапи за репрезентацијата (132) - Јан Вертонген ја завршува својата кариера по 19-годишна активно играње.
Последниот клуб за кој играше, Андерлехт, му оддаде почит пред почетокот на дуелот со Клуб Бриж во претпоследното коло од белгиското првенство. Ова беше последниот натпревар на Андерлехт во сезоната на својот стадион, па затоа беше вистински момент да се збогува со Вертонген, кој е капитен на тимот.
Jan Vertonghen played the final home match of his career this weekend before retiring.
His former teammates including Mousa Dembele made a special appearance to honour his career.
( @DAZN_BEFR) pic.twitter.com/7N36qJ6lXZ
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 19, 2025
Белгиецот остави најдлабок белег во дресот на Тотенхем. Во текот на осум сезони во Лондон, тој беше столб на одбраната, а неговото партнерство во одбраната со Тоби Алдервајрелд беше запаметено по многу одлични игри.
Вертонген играше и во финалето на Лигата на шампионите во 2019 година со Тотенхем, но Ливерпул тогаш славеше во натпреварот за титулата. Тој одигра 232 натпревари за клубот и постигна шест гола. Дефанзивецот беше и двапати во тимот на сезоната во Премиер, во 2013 и 2018 година.
Пред Тотенхем, Јан Вертонген помина шест години во Ајакс, каде што ја започна својата играчка кариера. Двапати го освои холандското првенство и двапати Купот. Подоцна, со Бенфика освои уште едно првенство и Куп на Португалија.
Вертонген остави длабок белег во националниот тим. Играше на две Светски првенства (2014 и 2018 година) и две Европски првенства (2016, 2020). Се пензионираше од националниот тим минатата година по 17-годишна кариера.

