• Иван Димовски
На едно коло пред крајот на регуларниот дел од сезоната во шкотскиот Премиершип, лидерот Хартс направи огромен кикс, кој гигантите од Глазгов го прифатија со раширени раце.
Водечката екипа одигра само реми против „фенерџијата“ Ливингстон (2-2) и со тоа остави простор за конкуренцијата.
Селтик го победи Данди со 1-2 и пријде на „минус три“ во однос на Хартс. Од друга страна, Ренџерс со 4-2 славеше против Данди Јунајтед и се приближи на само бод до врвот. Хартс моментално има 67 бода, Ренџерс 66, Селтик 64.
Во оваа најлуда трка за шампионската титула има и еден Македонец, а тоа е Бојан Миовски кој е член на Глазгов Ренџерс. Штипјанецот даде убав гол во победата на својот тим овој викенд.
До крајот на регуларниот дел останува уште едно коло, по што лигата ќе се подели на шампионска и плеј-аут група, каде ќе падне конечната одлука за титулата.




