• Саше Љолес
Екипата на Манчестер Сити во 18. коло од Премиер лигата го пречека Бретнтфорд и славеше со минимални 1-0 (0-0). „Граѓаните“ долго се мачеа со солидниот ривал и дури во последната третина од мечот стигнаа до значаен триумф во битката за самиот врв.
Извештај од натпреварот:
Брентфорд во првото полувреме прикажа прилично солидна и стабилна игра. Гостите не делуваа како противник за потценување, иако Сити имаше две солидни шанси преку Халанд и Алварез. Домашниот тим беше за нијанса поблизу до гол, но на паузата останаа почетните 0-0.
„Граѓаните“ беа решени да тргнат во посилен налет на почетокот од вторите 45 минути, но Брентфорд повторно „покажа заби“ и не се предаваше лесно пред мотивираниот домаќин. Сити потоа тргна во комплетна опсада и конечно го сруши гостинот, а водството го донесе кој друг ако не Норвежанецот Ерлинг Халанд, кој биеше прецизно во 71. минута.
Првата ѕвезда во тимот прими една одлична топка на триесетина метри од голот, истрча во зицер-ситуација и без проблем ја затресе мрежата. Халанд потоа постигна и уште еден ефектен гол, но истиот беше поништен поради офсајд ситуаиција.
Напаѓачот воедно влезе во кругот на славните и стана еден од ретките фудбалери кои постигнале гол против сите противници од Премиер лигата, а Манчестер Сити на крајот славеше со минимални 1-0 и се врати на само еден бод негатива во однос на Ливерпул. За Брентфорд ова беше четиринаесеттиот сезонски пораз и останува на 25 освоени бодови.