ВИДЕО: Еден гол и големи три бода за Силекс од домот на „гипсарите“

Фудбалерите на Силекс перфектно ја почнаа втората полусезона од шампионатот на Македонија, откако среде Тетово ја совладаа Ренова со 0-1 (0-1) во натпревар од 19. коло.  

Гавазај кај домаќините и Мустафов кај гостите добија шанса од новајлиите во дуелот во сончевото неделно попладне во Тетово. Во 15. минута Гроздановски им побегна на домашните дефанзивци, стартуваше Абдула и главниот судија покажа на белата точка. Сепак, Костовски биеше млако и предвидливо, па Велии лесно му одбрани. 

Во 28. минута гостите имаа многу среќа, бидејќи Драшковиќ од самата гол линија расчисти по ударот на Гавазај. Три минути подоцна Поништен беше водечки гол на гостите од Кратово, заради недозволена позиција од Ивановски, но останаа многу дилеми околу исправноста на одлуката на помошникот на Младеновски.

<<< ПОВРЗАНО -  ВИДЕО: Безброј дилеми под Шара - дали неоправдано е поништен гол за Силекс?

Кога се очекуваше крај на првиот дел и кога Ренова воспостави рамнотежа на теренот, дојде голот за водство на избраниците на Симов. Засилувањето од Струга Трим Љум, Бурхан Мустафов се одлучи на удар од голема далечина, биеше прецизно, топката доби ефе и го измами Велии, па Силекс на одмор замина со предност (0-1). 

Во првите неколку минути од вториот дел, Симов изврши две замени и ги внесе во игра Маринковиќ и Ѓуриќ. Ренова беше за нијанса поактивна во вториот дел, но тешко креираше зрели шанси за гол. Во 64. минута Миовски изби од втор план, биеше од работ на казнениот простор, но крај дирекот на Даниел Божиновски. Само две минути подоцна на местото на Миовски во игра влезе Валиу. 

Следеше период на многу прекини, неефективен фудбал и малку зрели шанси на двете страни. Сето тоа им одеше во прилог на кратовчани, кои играа посмирено, како последица на водството од финишот на првиот дел. Во последните 15-тина минути за Силекс дебитираше српскиот интернационалец Осман, кој во последните денови од преодниот рок дојде во Кратово. 

Во 85. минута „гипсарите“ ја имаа најзрелата шанса, откако Кадриу изби пред Божиновски, биеше дијагонално, но ударот за малку заврши крај дирекот. Силекс издржа и во шестминутното надополнување и вториот дел од сезоната го започна со големи гостински три бода. 

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 18 10 6 2 28:11 17 36
2 ШкендијаШкендија 1 18 8 4 6 30:13 17 28
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 1 18 7 6 5 19:15 4 27
4 СилексСилекс 18 8 3 7 21:20 1 27
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 18 6 8 4 21:18 3 26
6 Струга Трим ЉумСтруга Трим Љум 18 6 6 6 18:22 -4 24
7 ШкупиШкупи 18 5 7 6 20:21 -1 22
8 БорецБорец 18 5 5 8 14:26 -12 20
9 РеноваРенова 18 5 4 9 17:30 -13 19
10 РаботничкиРаботнички 18 4 3 11 16:28 -12 15