ВИДЕО: Еден гол го реши големото хрватско дерби на „Пољуд“

Екипата на Динамо Загреб во Сплит успеа да слави во големото хрватско дерби над Хајдук (0-1), со што на сплиќани им ја отежна борбата за едно од местата кои носат европско лето.

  • Извештај од натпреварот: 

Мечот не обилуваше со шанси, а имаше хепи-енд за гостинот од Загреб. Лидерот во шампионатот во чиј состав не беше Аријан Адеми поради повреда, успеа да слави со 0-1 благодарение на погодокот на Марио Гаврановиќ во 26. минута.

Хајдук дополнително имаше проблеми и поради црвениот картон на Чакташ во 77. минута, поради удар во лицето на противник. За тимот од Сплит едно полувреме доби македонскиот интернационалец Мирко Ивановски, но тој не успеа да донесе изедначување.

Динамо Загреб е лидер на табелата со 70 бода, дури 17 повеќе од второпласираната Ријека. Хајдук, пак, се наоѓа на петтото место.