ВИДЕО: Еден гол доволен за триумф на Њукасл над незгодниот Брентфорд

Њукасл Јунајтед славеше минимален триумф над Брентфорд (1-0), но многу потешко од очекуваното стигна до втората сезонска победа во Премиер лигата. 

  • Извештај од натпреварот: 

Првото полувреме не беше баш најидеално за присутните на „Сент Џејмс Парк“, двете екипи не покажаа превозбудлива игра, иако Њукасл беше за нијанса подобар ривал. Мрежите мируваа и по првите 45 минути, резултатот остана почетниот, 0-0.

Во второто полувреме „страчките“ заиграа поконкретно и почнаа повеќе да напаѓаат, но и Брентфорд беше солидно поставен во дефанзивата. Клучниот момент се случи во 64. минута, кога гостинскиот играч Флекен направи груб прекршок во својот шеснаесетник, а главниот судија покажа на белата точка. 

Прецизен реализатор на најстрогата казна беше Калум Вилсон и Њукасл конечно го отвори резултатот и поведе со 1-0. Се обиде Брентфорд веднаш да возврати и имаше една добра шанса, но без поголем успех. Момчињата на тренерот Еди Хоу беа помотивирани и повеќе ја посакуваа победата, која на крајот се покажа дека ја извојуваа со единствениот гол на Вилсон, 1-0. 

Ова е само втора победа за Њукасл во новата сезона и сега има шест бода, доволни за единаесеттата позиција на табелата. Брентфорд е на едно место погоре, со исто бодовно салдо. Следното коло го носи Њукасл на гостување кај Шефилд Јунајтед, додека Брентфорд ќе биде благ фаворит на домашен терен против Евертон

Состави

Еди Хоу

4-3-3

    Томас Франк

    5-3-2