ВИДЕО: „Еден-два“ додавање и гол-првенец на Елези во дресот на Сараево

Македонскиот репрезентативец Агон Елези летово се реши за нов предизвик во кариерата и ја прифати понудата од еден од најдобрите босански клубови, Сараево.

24-годишниот напаѓач денес за првпат започна од првата минута во „бордо“ тимот и веднаш ги покажа своите квалитети, откако по само петнаесет минути игра ѝ донесе водство на својата екипа во натпреварот со Радник.

Некогашниот член на Горица по „еден-два“ додавање со Ќеремех доби прилика да ја затресе противничката мрежа и тоа го направи без проблем, за деби-погодок и голема радост на домашните фанови. 

ФОТО/PHOTO: FK Sarajevo