Еден дебитант и очекуван избор на Милевски за Летонија и Ерменија

Фудбалската репрезентација на Македонија во октомври ќе одигра два натпревари во Лигата на нациите кои можат да бидат клучни за исходот во групата од Ц конкуренцијата. 

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот на фудбалери за двата октомвриски меча против Ерменија и Летонија. На списокот има еден новајлија, тоа е младиот Андреј Стојчевски кој настапува во Жилина, додека повторно со сениорите ќе биде и Марио Илиевски кој во септември беше прекомандуван во А-тимот. 

  • Список на повикани фудбалери на Македонија:

Голмани: 

Столе Димитриевски - Валенсија (Шпанија)
Дамјан Шишковски - Борац Бања Лука (БиХ)
Игор Алексовски - Работнички

Одбрана: 

Висар Муслиу - Падерборн (Германија)
Никола Серафимов - Фехервар (Унгарија
Јован Манев - Адана Демирспор (Турција)
Езѓан Алиоски - Ал Ахли (Саудиска Арабија)
Бојан Димовски - Акрон Тољати (Русија)
Ахмед Иљазовски - Хвидовре (Данска)
Стефан Ашковски - Шанлиурфаспор (Турција)
Ѓоко Зајков - Крајова (Романија)
Андреј Стојчевски - Жилина (Словачка)

Среден ред

Енис Барди - Трабзонспор (Турција)
Јани Атанасов - Краковија (Полска
Тихомир Костадинов - Пјаст Гливице (Полска)
Елиф Елмас - Лајпциг (Германија)
Исник Алими - Сепси (Романија)
Давид Бабунски - Данди Јунајтед (Шкотска)
Димитар Митровски - Вараждин (Хрватска)

Напад 

Бојан Миовски - Џирона (Шпанија)
Милан Ристовски - Бохемианс 1905 (Чешка
Дарко Чурлинов - Јагиелонија (Полска) 
Александар Трајковски - Хајдук (Хрватска)
Лирим Ќамили - Сондерјиске (Данска)
Марио Илиевски (ЦСКА Софија 1948)

Македонија на 10 октомври ѝ гостува на селекцијата на Летонија во Рига, додека три дена подоцна игра против Ерменците во Ереван.