Еден чекор до сонот: Англискиот хит ќе троши богатство за пласман во ПЛ

Фудбалскиот клуб Рексам испиша историја во англискиот фудбал откако успеа да напредува дури три рангови погоре во само три сезони, но амбициозниот клуб нема намера да застане тука и сака веднаш да премине од Чемпионшип во Премиер лигата. 

Сопствениците на Рексам, актерите Рајан Рејнолдс и Боб Мекелени, имаат план следната година да се обидат да одат скалило погоре и да се пласираат во елитното друштво, а за таа цел планираат да потрошат големи средства на квалитетни и искусни засилувања. 

Управата тргнала по потписот на Том Керни од Фулам, кој има понуда од 50.000 фунти неделно, а исто така се споменуваат уште неколку играчи со премиерлигашки калибар, кои би му помогнале на Рексам во една од најтешките светски лиги. 

Во игра се и други фудбалери од Чемпионшип, со кои Рексам би бил значаен фактор следната сезона, а најголемите оптимисти сонуваат за директен пласман во Премиер лигата, што би била вистинска бајка за навивачите.