• Иван Димовски

Екипата на Челзи ќе добие дел од договорените бонуси за трансферот на Еден Азар во 2019 година во редовите на Реал Мадрид.
Белгискиот крилен напаѓач веќе стави крај на играчката кариера, меѓутоа според договорот меѓу клубовите „кралевите“ за пласманот во финалето на Лигата на шампионите ќе мора да платат дополнителен бонус. Шпанскиот шампион ќе му исплати сума од пет милиони фунти на Челзи, на име на дел од договорот од 2019 година.
Кариерата на Еден Азар тргна во сериозно надолна линија откако се пресели во Реал Мадрид. Во четири сезони запиша само 76 настапи, даде седум гола и запиша 12 асистенции. Претходно Белгиецот во Челзи „царуваше“ и беше еден од најдобрите фудбалери на светот, па поради тоа Реал го плати преку сто милиони евра и уште го отплаќа кога е во пензија.