Еден Азар е избран за најкорисен играч на Лига Европа за ланската сезона! 

УЕФА по извлекувањето на групната фаза на Лига Европа, го избра и најдобриот фудбалер во изминатата сезона на ова натпреварување. Шампион е тимот на Челзи, а токму од редовите на „сините“ доаѓа и најкорисниот фудбалер.

Еден Азар го доби престижното признание, благодарение на неговите фантастични настапи во дресот на тимот од Лондон, во кои забележа два гола и две асистенции. Второто место му припадна на сега веќе неговиот поранешен соиграч, Оливие Жиру, а третото место заврши кај неговиот нов соиграч Лука Јовиќ кој минатата сезона ги бранеше боите на Ајнтрахт Франкфурт.

Азар ова лето го реализира долгоочекуваниот трансфер и за сума од 120 милиони евра од Челзи се пресели во редовите на Реал Мадрид, но поради повреда сè уште нема настап во Примера.