ВИДЕО: Ечеше авионот на Италија во знак на поддршка за Спинацола!

Италија продолжува да „гази“ сè пред себе на Европското првенство. Поранешниот светски и европски шампион, иако беше сместен во групата на фаворити од сенка, уште еднаш покажа дека кога се игра турнирски систем никако не смее да се потцени.

Во четвртфиналнето со Белгија, „аѕурите“ со 2-1 ја совладаа фаворизираната Белгија, но селекторот Роберто Манчини остана без еден од клучните фудбалери. Леонардо Спинацола се здоби со незгодна повреда и со солзи на очите го заврши натпреварот во Минхен. Поради тоа селекторот и соиграчите победата над Белгија му ја посветија нему, и го скандираа неговото име во авионот.

  • Атмосферата во авионот на Италија:

Спинацола веројатно ја скинал Ахиловата тетива и ако се потврди оваа дијагноза, ќе паузира 7-8 месеци.