• Иван Димовски

Фудбалерите на Феенорд убедливо го совладаа Баерн Минхен со 3-0 (2-0) во седмото коло на Лигата на шампионите.
Овој натпревар е вистински показател за колку фудбалот може да биде суров, овојпат на сметка на баварците. Избраниците на Винсент Компани одиграа доминантен натпревар на „Де Кајп“, меѓутоа тоа не им донесе ништо позитивно бидејќи загубија со убедливи 3-0.
Имаше Баерн Минхен дури 80% посед на топката, наспроти само 20% на противникот. Покрај тоа шутираа германските фудбалери дури 30 пати кон домашниот гол, шест пати во рамките, меѓутоа ниту еднаш не го пронајдоа патот до мрежата.
Од друга страна, Феенорд максимално ги искористи своите шанси, па од единствените три удари во рамките на голот на Нојер постигнаа исто толку гола.
