Е ова е верност - Вилијамс потпиша деветгодишен договор со Билбао!

Во последниот ден од преодниот рок во Премиер лигата наголемо се шпекулираше дека Манчестер Јунајтед ќе ја активира откупната клаузула на првата ѕвезда на Атлетик Билбао, Ињаки Вилијамс, која изнесуваше 80 милиони евра, но до тоа не дојде. 

Наводно, самиот фудбалер не сакал да го напушти баскискиот тим, а тоа го потврди денес, откако потпиша неверојатен договор со шпанскиот прволигаш. 24-годишниот голгетер се реши за нова соработка со Атлетик Билбао и тоа на нови девет години, односно до 2028 година. 

Со новиот договор, драстично „рипна“ и откупната клаузула, која сега изнесува дури 135 милиони евра. 

Вилијамс во ланската сезона постигна 15 гола, а за Атлетик досега одигра 204 натпревари, даде 49 гола и подели 27 асистенции.