ВИДЕО: Е нема ВАР во Премиер – Вокер играше со рака, но Тотенхем не доби пенал! 

Фудбалерите на Манчестер Сити и Тотенхем како да се истрошија на историскиот четвртфинален реванш-натпревар во Лигата на шампионите пред три дена и попладнево одиграа мирен меч на „Итихад“, во рамки од 34. коло на Премиер лигата. 

„Граѓаните“ уште од 5. минута имаат водство од 1-0, но малку фалеше Тотенхем резултатски да се врати во игра, откако главниот судија Мајкл Оливер се реши да не досуди пенал за гостите по играта со рака на Вокер. Во Премиер лигата сè уште не е воведена ВАР-технологијата, која сигурно ќе му помогнеше на младиот судија да ја донесе вистинската одлука по спорниот момент во 60. минута.

  • Погледнете ја ситуација и сами одлучите дали имаше пенал за Тотенхем: 

Во средата двете екипи одиграа епски меч кој заврши со 4-3, а истиот го красеа и неколку спорни одлуки на судијата Чакир и покрај помоштa на ВАР.